• среда, 25 декември 2024

Во светот ќе се отворат нови 432 рудници за јаглен

Во светот ќе се отворат нови 432 рудници за јаглен
Вашингтон, 3 јуни 2021 (МИА) - Во најновиот извештај на невладината организација „Глобал енерџи монитор“ (Global Energy Monitor) се наведува дека светските производители на јаглен планираат да отворат 432 нови јагленокопи, чиј произведствен капацитет би изнесувал 2,28 милијарди тони годишно. Три-четвртини од новите јагленокопи ќе бидат отворени во Кина, Австралија, Индија и Русија. Според „Глобал енерџи монитор“ само во Кина во новите рудници годишно ќе се произведуваат 452 милиони тони јаглен. - Новите проекти не само што ги загрозуваат напорите за борба против глобалното затоплување, туку може да ги изложат компаниите во опасност да изгубат 91 милијарда долари, наведе „Глобал енерџи монитор“. Дрикел Тејт наведе дека „новите рудници и проширувања на постојните рудници ќе произведат јаглен за свет во кој јагленот е економски неиздржан и еколошки нејасен“. ми/

Остани поврзан