• сабота, 23 ноември 2024

Во Свети Николе се асфалтираат повеќе улици, а започната е и процедура за изградба на нов парк

Во Свети Николе се асфалтираат повеќе улици, а започната е и процедура за изградба на нов парк

Свети Николе, 21 февруари 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска извршија  увид на градежните работи за изградба и асфалтирање на улиците  „Октомвриска“ и „Кочо Рацин“.

Градоначалникот Владев посочи дека станува збор за потег,  кој што опфаќа четири улици, а коишто претходно беа направени од растурена коцка и каде што населението кој што живее во овој  предел во самото градско подрачје имаше големи проблеми дали со водоводната мрежа, дали со големите дупки што беа претходно од самата коцка.

- Заради тоа што е централно градско подрачје приоритет ни беше уште ланската година да го направиме овој голем потег каде што живее доста население во самото градско подрачје. Зборуваме во потегот од позади „Нептун“, па се до самата гимназија, значи повторувам се работи за неколку улици кои што верувам еве сега точно разговарав со изведувачот, тој ме уверува дека оваа работа ќе биде завршена за 10 до 15 дена, значи професионално ќе работат. Имаат ставено 30 сантиметри тампон, за да веднаш потоа да ќе биде ставено два слоја на асфалт, прво седум сантиметри првиот слој и потоа уште пет сантиметри од вториот слој, вели Владев.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека Владев продолжува да го реализира тоа што беше ветувано.

- Мислам дека сме во одлична фаза со голем процент на реализирано, можеби повеќе од 70 проценти од тоа кое што е ветено. Честитки до него, тимот и администрацијата, до општинскиот совет за вака храбро, мотивирано работење и исполнување на ветено, имајќи во предвид дека се соочуваме со влада која што онаму каде што нивните кандидати за градоначалници катастрофално изгубија, се однесуваат насилнички, ги бојкотира, го кочи развојот на тие општини каде што има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.

Светиниколскиот градоначалник, Владев најави  и асфалтирање на улица во Амзебегово, четири  улици на Сопотски пат и  изградбата на новиот парк во Свети Николе. вдј/дма/

Остани поврзан