Во Сараево измерени рекордни 38,5 Целзиусови степени
- Во Сараево е надминат апсолутниот температурен максимум за јули, откако вчера беа измерени 38,5 Целзиусови степени

Сараево, 29 јули 2021 (МИА) - Во Сараево е надминат апсолутниот температурен максимум за јули, откако вчера беа измерени 38,5 Целзиусови степени.
Претходниот апсолутен максимум беше пред 20 дена, кога на 8 јули беа измеррени 38,4 степени.
Според Федералниот хидрометеоролошки институт, претходната рекордна температура за јули била измерена во 2000 година и изнесувала 38,2 степена.
Во моментов во БиХ е на сила портокалов метеоролошки аларм, што предупредува на опасни временски услови. ми/