Во САД снимена мечка како лови со глутница волци
- Мечките и волците обично не дејствуваат заедно, но во овој случај мечката им се придружила на волците во лов на елени. Кога убиле еден, „натрапничката“ им го украла пленот на своите „другари“

Лос Анџелес, 10 јануари 2022 (МИА) - Во Националниот парк Јелоустоун во САД е снимен редок случај - мечка лови со глутница волци... Но потоа, таa им го краде уловот и побегнува со него.
Мечките и волците обично не дејствуваат заедно, но во овој случај гризли-мечката им се придружи на волците во лов на елени. Но, кога убија еден, „натрапничката“ им го украде пленот на своите „другари“...
https://www.youtube.com/watch?v=JkoTxHgXJX8
Ваквото „подмолно“ однесување кога единка од животински вид краде храна од друг вид, се нарекува клептопаразитизам.
Претставниците на паркот велат дека не е невообичаено мечките да крадат храна од волците, но обично, тие се игнорираат меѓу себе. си/сд/