• петок, 08 ноември 2024

Во САД родено бебе со антитела на Ковид-19

Во САД родено бебе со антитела на Ковид-19
Вашингтон, 17 март 2021 (МИА) - Американските педијатри Пол Гилберт и Чед Рудник тврдат дека бремена жена која примила вакцина против Ковид-19, родила бебе со антитела на коронавирусот. Мајката првата доза од вакцината на компанијата Модерна ја примила во 36 недела од бременоста, а три седмици подоцна родила девојче, кое имало антитела. Лекарите ја анализирале крвта од папочната врска и откриле антитела. Тоа е прв случај на бебе родено со антитела на Ковид-19. - Според нашите сознанија, тоа е прв пријавен случај во светот на бебе родено со антитела по вакцинацијата на мајката, изјави Гилберт за американските медиуми Тврдењата на педијатрите треба да бидат потврдени од експертите. ми/

Остани поврзан