• среда, 28 август 2024

Во Росоман ќе се асфалтира „Гоце Делчев“, од утре улицата затворена за сообраќај

Во Росоман ќе се асфалтира „Гоце Делчев“, од утре улицата затворена за сообраќај

Росоман, 19 септември 2023 (МИА) - Во Росоман ќе се асфалтира улицата „Гоце Делчев“, од утре таа ќе биде целосно затворена за сообраќај, информираа попладнево од Службата за односи со јавноста при росоманската локална самоуправа.

- Асфалтирањето ќе се реализира во наредните неколку денови. На жителите од оваа улица ќе им биде оневозможен пристап до и од своите имоти со моторни возила. Целосниот прекин на сообраќајот ќе биде обезбедуван од страна на МВР Кавадарци. Замолуваме за разбирање од страна на жителите на Росоман, соопштија од Службата за информирање при Општината.

Оттаму нагласија дека континуирано се работи за подобрување на животот на жителите, во Росоман и другите населени места. свд/бд/

Фото: Општина Росоман

Остани поврзан