• вторник, 24 декември 2024

Во Редфорд, родното место на Џорџ Флојд, се оддржа втора комеморација

Во Редфорд, родното место на Џорџ Флојд, се оддржа втора комеморација
Редфорд, 6 јуни 2020 (МИА) - Во Редфорд, во американската сојузна држава  Северна Каролина, денеска се одржува втората комеморација за Афроамериканецот Џорџ Флојд, чија смрт за време на полициската операција во Минеаполис пред десетина дена предизвика протести низ САД. Стотици граѓани стоеја во ред пред црквата во Редфорд, каде е изложен ковчегот со телото на Флојд, јави УСА Тудеј. -Граѓаните влегуваа во црквата во групи од по 10 лица и беа замолени да носат заштитни маски, рече окружниот шериф Хуберт Петекин. Долж патеката што води кон црквата граѓаните положија цвеќиња и оставија пораки, а една од нив беше: „Џорџ Флојд го ​​промени светот“. Ова е втора комеморација на Флојд откако пред неколкку дена се одржа меморијална служба и во во Минеаполис, местото каде тој почина. Последната, трета комеморација, ќе се одржи во понеделник во Хјустон, каде Флојд порасна и го помина најголемиот дел од животот. сд/

Остани поврзан