Во рамки на „Каде што срцето е дома“ министерот Перински и неговиот заменик Селими во посета на Општина Ѓорче Петров
- Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ со цел преку директни средби, размена на искуства, идеи и предлози, да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат општините и заеднички да се изнајдат решенија за нивно надминување во насока на поголем напредок.

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ со цел преку директни средби, размена на искуства, идеи и предлози, да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат општините и заеднички да се изнајдат решенија за нивно надминување во насока на поголем напредок.
Министерот Златко Перински и неговиот заменик, Ерџан Селими, денеска ќе ја посетат Општина Ѓорче Петров и ќе одржат средба со градоначалникот Александар Стојкоски и членовите на општинскиот Совет. цр/мд/
Фото: МИА архива