• вторник, 24 декември 2024

Во Пустец активности по повод Денот на македонскиот јазик и 100-годишнината од раѓањето на Конески

Во Пустец активности по повод Денот на македонскиот јазик и 100-годишнината од раѓањето на Конески
Тирана, 26 мај 2021 (МИА) - Повеќе настани поврзани со одбележувањето на Денот на македонскиот јазик и 100-годишнина од раѓањето на великанот Блаже Конески ќе бидат реализирани во следните два дена во Општина Пустец, информираше Македонската амбасада во Тирана. Организатори на настаните се Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Амбасадата и Културно-информативниот центар во Тирана, во соработка со Општина Пустец, друштвата на Македонците во Албанија и пратеникот во албанскиот Парламент, Васил Стерјоски. Во активностите се вклучени професори од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, Советот за македонски јазик, Општина Пустец, како и училиштата од Мала Преспа и Пустец „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“. -Со програмата, на 27 и 28 мај, се предвидени повеќе настани меѓу кои, предавања на професорите од Институтот за македонски јазик наменети за наставниците кои предаваат предмети на македонски јазик, работна тркалезна маса -100-годишнина од раѓањето на Блаже Конески, активности на дијалектолозите, разговори во врска со книгоиздателството, обезбедување на литература за наставните програми, како и музичка програма во изведба на учениците, стои во објавата на Амбасадата. Како што информираше за МИА, Стерјовски, еден од настаните ќе се одржи во селото Глобочани во музејот посветен на познатиот албански писател со македонско потекло Стерјо Спасе, кој е родум од ова малопреспанско село. вт/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан