• сабота, 24 август 2024

Во пробиштипско Злетово се реконструира спортско игралиште

Во пробиштипско Злетово се реконструира спортско игралиште

Пробиштип, 9 октомври 2023 (МИА) - Почна со реализација проектот за реконструкција на спортското повеќенаменско игралиште во Злетово во рамки на Општинското основно училиште (ООУ)„Браќа Миладиновци".

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов информира дека во овој проект е предвидено реконструкција на трибините на кои ќе се постават гранитни плочки, а на игралиштето ќе се постави вештачка трева, потоа ќе има и  замена на спортските реквизити, како и поставување урбана опрема околу игралиштето.

-Средствата за оваа реконструкција се од буџетот на училиштето и за оваа намена се издвоени 2.5 милиони денари. Со реализација на овој проект ќе се подобри спортската инфраструктурата во Злетово, вели Анастасов.

Тој истакна дека овој терен освен за образовните програми, се користи  за натпревари, а граѓаните на Злетово го користат и за рекреација. вдј/цр

Фото: Општина Пробиштип 

Остани поврзан