• вторник, 04 февруари 2025

Во Прилеп се одржа 22-иот Семакедонски собир во чест на великанот Гоце Делчев

Во Прилеп се одржа 22-иот Семакедонски собир во чест на великанот Гоце Делчев
Прилеп, 5 февруари 2022 (МИА) - По 22-ри пат во Прилеп се одржа Семакедонскиот собир на Македонците од соседните земји во чест на роденденот на македонскиот великан Гоце Делчев. Организатор е Граѓанската иницијатива за национално, културно и европско интегрирање на македонскиот народ „Нѐ има“. Годинашниов собир е по повод јубилените 150 години од раѓањето на Делчев. Во градската библиотека „Борка Талески“ денеска се одржа расправа на тема  „Обврската и грижата за остварувањето на националните права на деловите на македонскиот народ во соседните земји, чии се?“И овојпат е донесена заедничка декларација која им се проследува на сите институции. Според Илија Богатиновски, в.д. претседател на Граѓанската иницијатива „Нѐ има“, дел од барањата се и транспарентност во преговорите со Бугарија и почитувањето на сите досегашни договори. - Бараме времено запирање на преговорите помеѓу Македонија и Бугарија со цел да се проучат сите досегашни договори, вклучувајќи го и Бледскиот договор со сите акти кои произлегуваат од него. Бараме поголема транспарентност при евентуалните идни преговори кои ќе се однесувата на иднината на сите граѓани на Македонија и бараме формирање постојано тело при Владата кое ќе им дава поддршка на деловите на македонскиот народ кои живеат надвор од Татковината во нивните права во државите каде живеат, вели Богатиноски. Според Богатиноски, преговорите не се корисни. -Наш став е дека тие преговори не се корисни за Македонија. Поточно, се потпишуваат договори без воопшто да се проверат некои постари договори, како во 1946, па Бледскиот договор од 1947 година, но 1949 година Бугарија еднострано го повлекува потписот. Од сите тие договори, останува само едно, а тоа е неплаќањето репарации спрема Македонија. Само постоење на таков договор објаснува кој бил администратор, а кој окупатор, смета Богатиноски. Преку видео-лик беа вклучени Кирил Тилев од ОМО Илинден и Никодим Царкњас од Грција. Тилев ги поздравува како позитивни настојувањата на претседателот Пендаровкси со средбата на претставниците. -Ние сме посебен народ и не треба заеднички да настапуваме.Останувае на барањата на нашите права, иако во Бугарија не сакаат да слушнат за тоа. Позитивен беше гестот на претседателот Пендаровски за средбата со претставници. Тоа многу ги налути во Бугарија. Ние сакаме да го учиме македонскиот јазик, сакаме списнаија на македонски, да ја гледаме Македонската телевизија. Многу ни значи поддршката од сите страни, Вели Тилев. Никодим Царкњас смета дека има напредок по Преспанскот договор. - Сега никој не смее да ме праша што читам и што гледам. не може да ме нарече Склопјанец, славомакедонец, а имам да го изведам пред законите. Работиме на изучување на јазикот, има многу интерес. Добри се страните на Преспанскиот договор, само се потребни уште заложби на нашите политичари, вели во видео конекцијата Никодим Царкњас од Грција. Васил Стерјовски, претседател на партијата „Македонска алијанса за европска интеграција“ од Албанија вели дека се подобрени правата на Македонците во Албанија. - Не е како пред 10-20 години. Во 2017 година Албанија донесе закон за признавање на малцинствата и според тој закон очекуваме многу од правата, Македонците да ги уживаат на целата територија, не само во општина Пустец, рече Стерјовски. Во чест на великанот Гоце Делчев, делегација од собирот вчера го посети гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје и му оддаде почит на македонскиот великан. ем/лв/

Остани поврзан