• среда, 27 ноември 2024

Во Прилеп наградени 19 првенци на генерацијата кои успешно ја поминаа пандемиската учебна година

Во Прилеп наградени 19 првенци на генерацијата кои успешно ја поминаа пандемиската учебна година

Прилеп, 20 јули 2021 (МИА) - Деветнаесет прилепски основци и средношколци, првенци на генерацијата во најспецифичната учебна година, денеска добија дипломи и вредносни ваучери. Пандемијата ги натера да седат пред компјутерот, а не во училишните клупи, но, велат се приспособија и беше голем предизвик.

Марија Бардакоска, првенец на генерација од ОУ „Климент Охридски“, Иван Кузманоски, првенец на генерација од ОУ „Гоце Делчев“ и Валентин Димитриоски, првенец на генерација во економско-правното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“, се согласуваат дека не е исто како кога си во училишните клупи и се следи настава со физичко присуство. Но, во сето тешко и неизвесно, новиот начин на настава ги натера, велат, сами повеќе да се потрудат.

- Кога се сака, сѐ се може. Љубовта спрема стекнувањето знаења ми го олесни предизвикот, зашто што часот помалку траеше и моравме да се потрудиме сами да најдеме одредени сознанија и податоци кои би ги добиле од наставникот во училишната клупа. Мене најмногу ме привлекува математиката и ќе се зашишам во гимназијата на таа насока, вели Бардакоска.

Кузманоски вели дека со „он-лајн“ учењето морале на интернет да бараат податоци што претставувало предизвик, но, го прифатиле и, како што кажа, смета дека солидно поминале.

- Секако дека би сакал да се вратиме во училишните клупи, да ги запознаеме професорите и другарите на есен, вели Кузмановски.

Валентин Димитриоски од економско-правното средно училиште „Кузман Јосифоски Питу“ кажа дека во сето тешко, на овој начин биле принудени повеќе да се мотивираат и тоа ило нов предизвиккој ги натерал на повеќе труд.

- Сега ќе се запишам на Економскиот факултет и сметам дека и во татковината може да се постигне многу ако се потрудиме, вели матурантот Димитриоски.

Учебната година ја завршија 9.632 ученици, од кои 6.452 во основно и 3.212 средношколци. Просекот 3,42 на матурата се смета за солиден во условите во кои се одвиваше учебната година.

Каролина Николоска, советник за образование при локалната самоуправа оценува дека поминаа солидна учебна година и предизвиците се совладуваа. Почнаа подготовките за новата учебна година, со очекувања да се седне во училишните клупи со сите прописи и протоколи.

- Новата учебна година планираме да ја започнеме со почитување на протоколите, но со физичко присуство на сите ученици во воспитно образовните институции, така што, ги имаме и планот и програмата, како и самите протоколи со почитување на сите превентивни мерки за Ковид-19.  Мислам дека повторно соодветно ќе одговориме на тој предизвик, вели Николоска.

ченици

Локалната самоуправа им додели дипломи на 19-те првенци на генерацијата во прилепските основни и средни училишта и им подели ваучери од по .6000 денари на првенците од средното и по 4.000 денари на првенците од основното образование. ем/ар/

Остани поврзан