• среда, 27 ноември 2024

Во прилепските градинки здравствената состојба е стабилна, нема заболени деца

Во прилепските градинки здравствената состојба е стабилна, нема заболени деца
Прилеп, 13 септември 2021 (МИА) - Нема проблеми во шесте прилепски детски градинки и здравствената состојба е стабилна. Нема ниту едно дете заболено. Според Орце Тодороски, директор на прилепските детски градинки „Наша иднина“, иако две негувателки се позитивни на корона-вирусот и поради тоа две групи со вкупно 30 деца остануваат во изолација, нема позитивни случаи меѓу децата. - Имаме позитивна негователка на група од две до три години. Групата со 21 дете се во изолација. Позитивна на корона вирусот е уште една негувателка, во група од 3 до 6 години со девет деца во групата. Што е најважно - нема ниту едно дете заболено. Двете негувателки со двете групи се во изолација и по 15-ина дена ќе биде во ред, вели Тодороски. Солидни 88 отсто од 186-те вработени се вакцинирани. Во шесте градинки, според протоколите се сместени 618 деца, но интересот кај родителите е голем. Дури 370 деца се на листата за сместување во градинките. - Во шесте детски градинки се згрижени 618 деца: Тоа е задоволителна бројка и е според протоколот и препораките на Министерството за труд и социјална политика. Групите се зголемени со бројот на децата на 25, освен во јаслите каде бројот останува 15 деца во група. Во шесте градинки има 50 воспитни групи. Има огромен интерес кај родителите да ги носат децата во градинка. Околу 370 деца се на листата на чекање. Ова ќе настојуваме да го решиме со изградбата на новата детска градинка во населбата Точила која треба да биде готова до крајот на годинава. Капацитетот е за 250 деца, констатира директорот на приелпските градинки Орце Тодороски. ем/мс/    

Остани поврзан