• понеделник, 23 декември 2024

Во пресрет на Светскиот ден на штедење Берзата организираше настан за студентите

Во пресрет на Светскиот ден на штедење Берзата организираше настан за студентите

Скопје, 31 октомври 2024

Во пресрет на Светскиот ден на штедење, а заради развој и зголемување на финансиската писменост на младите, како и нивна активна улога и побрзо вклучување во светот на финансиите, во организација на Македонската берза се одржа едукативниот настан „Вклучување на младите на домашниот пазар на капитал“.

Целта на настанот на 30 октомври 2024 година во кино Cineplexx беше поголема информираност на младите за можностите што ги нуди пазарот на капитал, како од аспект на градење на понатамошна кариера, така и за вложување во македонски хартии од вредност.

По воведното обраќање на главниот извршен директор на Берзата Иван Штериев, студентите од повеќе факултети од целата држава ги проследија мотивациските говори на Петар Андреевски, Главен извршен директор, ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, Татјана Бојковска, Член на Управен Одбор, Сава пензиско друштво АД Скопје, Горан Марковски, Главен извршен директор на КБ Инвест АД Скопје и Билјана Станковска Арсова, Финансиски советник, Капитал Финансиски Центар Скопје.

Ова беше одлична можност за поврзување на младите со институции и експерти од домашниот пазар на капитал кои се подготвени да им помогнат и да ги насочат во нивниот професионален развој и управувањето со личните финансии базирано на релевантни и проверени информации.

Настанот е дел од веќе најавените активности на Берзата за популаризација и за поголема инклузија на младите на пазарот на капитал, кои ќе продолжат и во наредниот период. Берзата ги охрабрува сите заинтересирани млади да се вклучат и со тоа да придонесат за своe професионалнo усовршување, но и за економскиот напредок на земјата во целина.

Македонска берза

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан