• понеделник, 23 декември 2024

Во првите три месеци во Велика Британија регистриран рекорден број на мигранти

Во првите три месеци во Велика Британија регистриран рекорден број на мигранти

Лондон, 27 март 2024 (МИА) – Од почетокот на годината до вчера во Велика Британија пристигнале 4.644 баратели на азил, покажуваат денеска објавените податоци на британското Министерство за внатрешни работи.

Во извештајот се посочува дека од почетокот на 2024 година до 26 март биле регистрирани 4.644 лица кои го преминале Ла Манш. Во истиот период лани имало 3.770, а претходниот рекорд бил во 2022 година – 4.162 луѓе.

Британскиот премиер Риши Сунак се надева дека планот за враќање на мигрантите од Велика Британија во Руанда ги одврати луѓето од опасното преминување на каналот помеѓу Велика Британија и Франција. Идниот месец Парламентот ќе гласа за закон со кој ќе се операционализира планот на Сунак. ми/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан