• вторник, 24 декември 2024

Во Порече повеќе села без струја, непроодни патишта 

Во Порече повеќе села без струја, непроодни патишта 
Кичево, 23 март 2021 (МИА) - Во Порече по неделните врнежи од снег и денеска патиштата се непроодни до селата на надморска височина над 500 метри, а се уште петнаесетина села се и без електрично напојување. - Повеќето села до кои патиштата не беа проодни во текот на вчерашниот ден и денеска се соочуваат со истите проблеми. За денеска градежни машини се упатени до селата Крушје и Томино Село, додека останатите дваесетина села се уште ќе бидат блокирани од високиот снег, чија височина во повисоките планински села изнесува над половина метар. Бидејќи селата се од разбиен тип, чистењето на патиштата е успорено, а на многу делници има паднати стребла или скршено гранки, кои го отежнуваат чистењето, информира за МИА, Миле Стојкоски од ЦУК Македоски Брод, Жителите во пасивните села од Поречието се уште немаат електрично напојување, иако екипи на ЕВН и денеска се на терен и работат на отстранување на дефектите. - Повеќето ридско –планински села кои во текот на вчерашниот ден немаа струја и денеска состојбата е идентична и, покрај  напорите на ЕВН што побргу да ја оспособи електромрежата, за да можат жителите на овие села да имаат електрично напојување. Во моментов без струја се селата Долно и Горно Крушје, Ботушје, Ратеш, Битово,Томино Село, Брест, Лупште, Звечан, Бенче, Заград, Горно и Долно Ботушје. Отстранувањето на дефектите го отежнуваат паднатите гранки и стебла, кои на места предизвикаа прекин на електричните водови, додава Стојкоски. за/цр  

Остани поврзан