Во Полска влегоа повеќе од еден милион бегалци од Украина
- Денеска во 20 часот бројот на луѓе кои избегале од Украина во Полска надмина еден милион, соопшти полската гранична полиција.
Варшава, 6 март 2022 (МИА) - Денеска во 20 часот бројот на луѓе кои избегале од Украина во Полска надмина еден милион, соопшти полската гранична полиција.
„Тоа се милион човечки трагедии, милион луѓе протерани од своите домови поради војната. Милион луѓе кои откако ја преминале границата слушнале „на сигурно сте“, соопшти полската гранична полиција. ссм/