• среда, 25 декември 2024

Во подрачното училиште во село Црник се реализираат активности за подобрување на условите во училиштето

Во подрачното училиште во село Црник се реализираат активности за подобрување на условите во училиштето

Пехчево, 25 март 2024 (МИА) - Во пехчевското село Црник почнаа градежните работи за реализирање на проектот „Доградба на тоалети на новоизградени училници на подрачното училиште Ванчо Китанов“.

Целта на активностите, како што истакна градоначалникот на Пехчево Александар Китански, кој изврши увид во работите е да се подобрат условите за работа, учење и престојување на учениците и персоналот во подрачното основно училиште во село Црник. 

-За реализација на оваа активност која се реализира во рамки на Локалниот акциски план за инклузија на Ромите во Пехчево за 2023 – 2027 година претходно имавме потпишано договор. За конкретната акција и за истата Ромалитико има обезбедено средства за реализација, наменети за иницијативи за решавање на проблеми, со цел подобрување на припадниците на ромската заедница, истакна Китански. 

Активноста се реализира преку проектот Заедно за просперитетна заедница поддржан од американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). 

-Финансиските средства  за реализација на овој проект се обезбедени од страна на Мнистерството за транспорт и врски согласно Јавниот повик за поднесувања на барања за користење на средства за 2023 година, Институтот  за истражување и анализи на политики  - Ромалитико, Општина Пехчево и ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, додаде Китански.

Активноста е дел од проектот Заедно за просперитетна заедница поддржан од Агенција за меѓународен развој (УСАИД). вс/мд/

Фото: МИА
 

Остани поврзан