• понеделник, 23 декември 2024

Во Пенсилванија четворица ученици обвинети за планирање масакр во училиште

Во Пенсилванија четворица ученици обвинети за планирање масакр во училиште
Харисбург, 27 септември 2021 (МИА) - Четворица ученици од Пенсилванија се обвинети дека планирале напад врз нивното средно училиште во пресрет на 25-годишнината од масакрот во Колумбајн, беше соопштено од канцеларијата на окружниот обвинител. Масакрот бил планиран за 20 април 2024 година, а во објавата на окружното обвинителство се наведува дека не постои активна закана за гимназијата Данмор, јави Си -Ен -Ен. Двајца средношколци се обвинети како возрасни поради „сериозната природа на обвинението“, додека другите двајца ученици се обвинети како малолетници, се вели во соопштението на окружниот обвинител. Двајцата обвинети како возрасни, Алиса Кучарски и Завијер Луис имаат по 15 години и се обвинети за нелегално поседување и производство на оружје за масовно уништување, терористички закани со намера за тероризам, тежок напад, поседување експлозив и криминални заговори. Кучарски исто така е обвинета за ризикување катастрофа, а во извештајот се наведува дека Кучарски и Луис се здружиле за да ги повредат учениците од гимназијата Данмор „во стилот на Колумбајн“. На 20 април 1999 година, двајца ученици вооружени со бомби извршија напад врз средно училиште во Колумбајн, Колорадо, при што загинаа 13 и ранија 23 луѓе, пред да се самоубијат. Пукањето во Колумбајн е едно од најголемите масовни пукања во историјата на САД, како и една од најсмртоносните епизоди на школско насилство. паг/

Остани поврзан