• среда, 25 декември 2024

Во пелагонискиот регион почна постапката за поднесување на барања за плаќања во земјоделството

Во пелагонискиот регион почна постапката за поднесување на барања за плаќања во земјоделството

Битола, 22 мај 2023 (МИА) - Во пелагонискиот регион почна постапката за поднесувања на барања за директни плаќања во земјоделството, а последниот рок за поднесување е 30 јуни.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шуарство и водостопанство со седиште во Битола информираат дека барањата се поднесуваат за сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица, потоа за органско земјоделско производство, како и за растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал.

За полесно реализирање на оваа финансиска поддршка за пелагонските земјоделци и сточари, стручна помош обезбеди подрачната единица на МЗШВ во Битола. мт/мс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан