• среда, 25 декември 2024

Во Охрид ретроспективна изложба и пригодна програма по повод стогодишнината од раѓањето на Вангел Наумоски

Во Охрид ретроспективна изложба и пригодна програма по повод стогодишнината од раѓањето на Вангел Наумоски

Охрид, 31 јули 2024 (МИА) – Со ретроспективна изложба и пригодна програма во рамки на чествувањата по повод празникот Илинден, во Охрид ќе биде одбележана стогодишнината од раѓањето на охридскиот и македонскиот уметник Вангел Наумоски, како и 70 години од неговата прва самостојна изложба.

Како што беше посочено на денешната прес-конференција, изложбата и целиот настан е осмислен во насока на презентација на културата, уметничките вредности со кои располага градот и државата.

- Изложбата ќе се одржува во Галеријата сместена во домот на Наумоски, инаку првично поставена во 1987 година. Галеријата што беше наменета за презентација на дела од поновиот творечки циклус на Наумоски, овојпат ќе биде збогатена со други дела, една рестроспектива преку која посетителите ќе можат да добијат претстава за животниот и творечкиот циклус на Наумоски, неговиот ликовен израз и идеолошка, инспиративна поставеност, рече Рубенс Наумоски, синот на охридскиот уметник.

Програмата што е предвидено да почне утревечер на полноќ, со рециталот „Да се биде Македонец“ на актерот Петар Темелковски, по што обраќање ќе има академик Јордан Плевнеш кој ќе ја презентиран неговата творба „Песна за бесмртниот Вангел“.

Пригодна реч предвидено е да има градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, по што ќе следува презентација на тродимензионалната поставка  „Универзумот на Вангел Наумоски“ на уметникот Трајко Митрески. На настанот збогатен со музичка програма ќе бидат презентирани и инсерти од документарен филм и архивски снимки со уметникот Вангел Наумоски. аб/вг/

фото/МИА
 

 

Остани поврзан