• сабота, 23 ноември 2024

Во охридската касарна откриена спомен плоча на 6-та Пешадиска бригада на АРМ

Во охридската касарна откриена спомен плоча на 6-та Пешадиска бригада на АРМ

Охрид, 7 септември 2023 (МИА) - На пригодна свеченост вчера во поранешната касарна во Охрид, беше откриена спомен плоча на 6-та Пешадиска бригада на Армијата.

Во присуство на генералот во пензија и актуелен пратеник во Собранието, Илија Николовски, воедно и претседател на воените ветерани и резервисти на Република Македонија, на генералот во пензија Филип Котели, претседателот на Сојузот на борци од Охрид, Гоце Георгиевски, претставници на СВР Охрид, како и на повеќе актуелни и поранешни припадници на единицата, за развојниот пат на Бригадата зборуваше полковникот во пензија и претседател на Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Охрид, Добре Велјаноски.

Велјаноски во име на ветераните, за посебен придонес во формирањето на 6. Пешадиска бригада, постхумно му додели благодарница на првиот командант на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба. Делегација на ветераните, положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.

Благодарница за посебен придонес во формирањето на 6. Пешадиска бригада му беше доделена и на тогашниот заменик на командантот, полковник во пензија, Павле Момироски, како и на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, за искажаната помош и поддршка за отворањето на спомен-собата на 6-та Македонска народно ослободителна бригада, лоцирана во охридската касарна. аб/аа/

фото/МИА

 

Остани поврзан