Во Општина Чаир расчистени 20 кубни метри отпад од диви депонии
- Во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење на Општината Чаир што започна на 18 април во организација на Градот Скопје и јавните градски претпријатија, екипите на ЈП Комунална хигиен
Скопје, 22 април 2022 (МИА) - Во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење на Општината Чаир што започна на 18 април во организација на Градот Скопје и јавните градски претпријатија, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија приближно 20 кубни метри несовесно одложен отпад од јавните и сообраќајните површини во оваа скопска општина.
Како што информираат од ЈП Комунална хигиена, расчистени се две диви депонии лоцирани на улицата Архиепископ Доситеј и раскрсницата меѓу улицата Џон Кенеди и булеварот Македонско-косовска бригада.
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и секојдневни активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите и нивните микролокации. Од почетокот на акцијата, во специјалните садови што Претпријатието ги постави во оваа скопска општина се одложени вкупно 60 кубни метри кабаст отпад, наведуваат од ЈП Комунална хигиена. вг/са/