• четврток, 26 декември 2024

Во општина Сарај пуштен во употреба пат до паркот изграден преку ТАВ програмата

Во општина Сарај пуштен во употреба пат до паркот  изграден преку ТАВ програмата

Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) –  Во општина Сарај денеска беше пуштен патниот правец 1 кон паркот во општината, во должина од 600 метри, проект реализиран преку програмата ТАВ. Патот е широк шест метри со тротоари од двете страни и со поставени фекална канализација и улично осветлување. Проектот е во вредност од 20 милиони денари, од кои 13 милиони денари се доделени од Владата, а другиот дел од буџетот на Општина Сарај.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека изградбата на патот е првиот проект којшто се заокружува од десетиците што беа предвидени од Програмата ТАВ на ниво на држава. Посочи дека е одлична порака за сите други општини навремено посветено и без пречки да се реализираат сите проекти кои веќе се утврдени и за кои се поделени средства за да бидат реализирани навреме. - Посебно е задоволство што за неколку месеци е направен овој цел проект што најверојатно ќе влијае во делот на економијата на државата, во делот на реализација на капиталните инвестиции и во делот  на подобрена инфраструктура за сите граѓани. Посебно оваа инвестиција ќе влијае во делот на поттикнување на туристи, на посетители, имајќи во предвид дека паркот во Општина Сарај е еден од најголемите паркови во Град Скопје, па затоа се подобруваат условите за што повеќе посетители да ја посетат Општина Сарај. Една одлична порака од општина Сарај – начинот како треба да се соработува меѓу локалната и централната власт, да не се стопираат проектите за политички инаети бидејќи овие проекти ќе бидат користени од граѓаните на државата во делот на подобрување на инфраструктура и квалитетот на инфраструктурата, рече Бектеши. Заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи потенцира дека Министерството и Владата ќе продолжат да ги поддржуваат овие проекти за подобар живот на граѓаните, за стабилна, модерна и добра инфраструктура.   Блерим Беџети, градоначалник на Општина Сарај  смета дека патот  е од големо значење за нив, како во делот на туризмот така и за другите активности и планови на општинската администрација, Советот на Општина Сарај и надлежните министерства.фф/лв/

Остани поврзан