• вторник, 24 декември 2024

Во општина Маврово и Ростуше еднократна финансиска помош остварија 29 студенти

Во општина Маврово и Ростуше еднократна финансиска помош остварија 29 студенти
Дебар, 6 април 2023 (МИА) - Право на еднократна финансиска помош за оваа академска учебна година во општина Маврово и Ростуше  остварија 29 студенти. Како што изјави градоначалникот Медат Куртовски, средствата во износ од по 6.000 денари денеска се веќе исплатени на студентите.
 
- Врз основа на јавниот повик за доделување на еднократен финансиски надомест на студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високо образовни установи во државата за студиската 2022/2023 година, комисија составена од општината изврши преглед на пристигнатите барања и на сите студенти кои ги исполнуваа условите според јавниот повик изготви решенија и се изврши нивна исплата, рече Куртовски. 
Тој додава дека ова е еден скромен придонес од страна на општината, со кој се опфатени студенти постојани жители на општината, кои редовно следат настава или се вонредни студенти но се невработени.
Ова е втора година по ред како општината доделува ваква финансиска помош за студенти. Минатата година ова право го остварија 28 студенти.
Освен ова право, оваа учебна година за првпат беше доделена еднократна помош на 50 првачиња, во износ од по 3.000 денари.
Од 2018 година по 5.000 денари доделува бебешки бонус за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на општината Маврово и Ростуше, но не и на семејствата кои потекнуваат од овој крај, а живеат и работат во странство или во друга општина во државава.вт/бт/

Остани поврзан