• сабота, 23 ноември 2024

Во општина Илинден 88 сакционирани возачи 

Во општина Илинден 88 сакционирани возачи 
Скопје, 6 јануари 2021 (МИА) - Полицијата на територија на општина Илинден во рамки на засилените сообраќајни контроли во текот на вчерашниот ден изрече вкупно 88 мерки. Со брзина поголема од дозволената се движеле 11 возачи, шест мерки се изречени за возење без возачка дозвола, две за минување на затворен семафор (црвено светло), соопштија денеска од МВР. За користење мобилен телефон иззречени се шест санкции, осум за возење под дејство на алкохол и пет за техничка неисправност и нерегистрирани возила. Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.  цр/бак/

Остани поврзан