• понеделник, 23 декември 2024

Во општина Илинден се одржува Меѓународен турнир во таеквондо на кој учествуваат 350 натпреварувачи од земјава и регионот

Во општина Илинден се одржува Меѓународен турнир во таеквондо на кој учествуваат 350 натпреварувачи од земјава и регионот

Скопје, 17 ноември 2024 (МИА) – Во организација на таеквондо клубот „Младост“, под покровителство на Општина Илинден и Македонската таеквондо федерација, денеска, во спортската сала „Гоце Делчев” во оваа општина, се одржува Меѓународен турнир во таеквондо, на кој учествуваат 350 натпреварувачи од земјава и соседните држави.

Како што се наведува во соопштението од Општината, на турнирот присуствувале градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и пратеничката Драгана Бојковска, како и спортски имиња од областа на боречките вештини.

Пред големиот број присутни се обрати градоначалникот Георгиевски кој ги поздрави спортистите, им посака многу среќа во натпреварите и го прогласи турнирот за отворен. Меѓу другото, градоначалникот истакна дека тој е голем поддржувач на спортот и секогаш е дел од ваквите спортски случувања кои оставаат белег во спортскиот живот во Општина Илинден, но и позитивен пример за афирмација и промоција на различни спортски дисциплини.

-Овој спортски настан ќе продолжи да се одржува и во иднина, затоа што Илинден е општина со традиција во овој спорт. Таеквондо е водечки индивидуален спорт во Македонија и мило ни е што се практикува и во нашата општина, наведуваат од Општина Илинден. ра/вг/

Фото: Општина Илинден

 

Остани поврзан