• среда, 25 декември 2024

Во општина Илинден заврши асфалтирањето на сите краци од улица „11“

Во  општина Илинден заврши асфалтирањето на сите краци од улица „11“

Скопје, 29 септември 2023 ( МИА) -  Во општина Илинден, рамки на програмата за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта деновиве се продолжи асфалтирањето на останатите седум краци од улица „11“.  

-Со асфалтирањето на овие краци, заврши  асфалтирањето на сите девет краци од истата улица, соопштија од општина Илинден.

Градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека патната инфраструктура е значаен сегмент во работењето на општината, така што, покрај асфалтирањето на овие девет краци од улицата, ќе се продолжи и на други улици низ сите населени места.

Реконструкцијата и асфалтирањето  е извршено по претходно изградените краци за прифаќање и одведување на фекални води, како и изградба на дел од водоводна мрежа, со тоа што на граѓаните ќе им се подобри комуналната и патната инфраструктура и ќе се подобри квалитетот на живот.

Средствата за реализација на овие активности се целосно обезбедени од Буџетот на општина Илинден. љм/лв/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан