• понеделник, 23 декември 2024

Во Општина Градско се посетуваат сите населени места пред донесувањето на буџетот 2023

Во Општина Градско се посетуваат сите населени места пред донесувањето на буџетот 2023

Велес,18 ноември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Градско Киро Нацков со својот тим од општината неделава ги посетуваше населените места во општината и разговараше со жителите за нивните проблеми и предлози. Посетата е пред донесувањето на буџетот за 2023 година од страна на Советот на Општина Градско, информираа градоначалникот Нацков. 

-Целта е преку непосреден контакт со жителите да ги слушнеме нивните идеи, размислувања, можни решенија на проблемите, појасни Нацков.

Досега се посетени и биле остварени средби со жителите на Ногаевци, Кочилари и другу населени места во Општина Градско. 

Тој најави дека посетета на жителите на населените места во Општина Градско ќе продолжи и во наредните денови. 

Воедно Нацков рече дека некои од најприоритетните проблеми на граѓаните, а согласно предведените средства за буџетот, ќе направи напори први да  бидат ставени и се решат со буџетот за  следната 2023 година. ад/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан