• сабота, 23 ноември 2024

Во ОИК Старо Нагоричане доставени три кандидатури за градоначалник и седум за советнички листи

Во ОИК Старо Нагоричане доставени три кандидатури за градоначалник и седум за советнички листи
Куманово, 13 септември 2021 (МИА) - Во Општинската изборна комисија Старо Нагоричане доставени се три кандидатури за градоначалник и седум за советнички листи, информираше денеска претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Марјан Даиловски. Кандидатура за градоначалник и за советничка листа доставиле Коалицијата предводена од СДСМ со кандидатката за градоначалник, Жаклина Јовановска и носител на листа Бобан Цветановски. Од Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ доставена е кандидатура за градоначалник Велибор Денковски и носител на листа Драган Спасиќ. Кандидатура за градоначалник и советничка листа поднело и ТМРО со Власте Димковиќ и Мартин Стефановски за носител на листа. Во ОИК Старо Нагоричане кандидатури за советничка листа доставиле и група избирачи-Бојан Трајковски, Левица-Петар Диклиќ, Единствена Македонија-Тони Митровски, Интегра-Моме Димитриевски. - Во тек е процедура за проверки за доставените кандидатури, изјави претседателот на ОИК, Даиловски. ам/мс/

Остани поврзан