• вторник, 27 август 2024

Во Неготино почна проект ,,Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата"

Во Неготино почна проект ,,Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата

Кавадарци, 16 август 2024 (МИА) -  „Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата" е насловен проектот што денеска започна да се реализира, а беше презентиран во Дневен центар за помош на лица со ментален хендикеп „Порака" во Неготино. 

- За прв пат во нашето општество ќе се отворат теми што за некои граѓани и институции се едно големо табу, но за значен број наши сограѓани и организации се вистински предизвик, да се справат со проблемите и пречките на животниот пат, во секојдневието на своето работење и живеење, беше кажано на настанот. 

Претседателката на Центарот, Гордана Трајковска се осврна на очекуваните резултати од проектот. Изработен е протокол за прифаќање и третман на лица со попреченост во процесот на пружање на здравствена заштита. Намалени трошоци за семејствата на лицата со попреченост при користење здравствена заштита. Седумдесет проценти помали трошоци за медицински третман на лицата со попреченост. 

- Многу е важно да се едуцира медицински персонал за правилно прифаќање и третирање на лицата со попреченост. Да се покренат иницијативи за промена на законите за социјална и здравствена заштита. Да се зголеми свеста за важноста на прифаќањето и третманот на лицата со попреченост, нагласи Трајковска. 

Активностите се во рамки на проектот на Цивика мобилитас што е финансиран од Владата на Швајцарија, а го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ Шведска.

Пред присутните беше претставен проектот со неговите цели и значен дел од активностите што ќе бидат реализирани во наредните две години заедно со партнерите, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес и Здружението за заштита и унапредување на животната средина ,,Еко-живот" од Кавадарци.

Целта е, како што беше нагласено, јавноста да се запознае со ситуацијата во која се наоѓаат значаен дел од нашите сограѓани со разни попоречености, нивните блиски и организациите кои работат во полето на лицата со попречености во нивното секојдневие. Но, беше подвлечено, многу е важно исто така, да се влијае врз тоа да се сменат работите на подобро и да се подобри состојбата во која се наоѓаат лицата со попреченост. свд/дма/


Фото : МИА 

Остани поврзан