Во населбата Моклиште кавадаречко се гради водоводна и канализациона мрежа
- Во населбата Моклиште кавадаречко се гради водоводна и канализациона мрежа, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Кавадарци, 4 ноември 2025 (МИА) - Во населбата Моклиште кавадаречко се гради водоводна и канализациона мрежа, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
- Се продолжува со реализација на уште една фаза од проектот финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Локалната самоуправа, во висина од 1 милион евра. Во населбата Моклиште се гради водоводна и канализациона мрежа со вкупна должина од 6,4 километри, како и резервоар со капацитет од 150 м3, со што ќе се обезбеди постојан и квалитетен водоснабдителен и канализационен систем за локалното население но и за новите 400 викенд куќи кои ќе се изградат во оваа населба, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму велат дека Општина Кавадарци продолжува со инвестирање во подобрување на комуналната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните. свд/дма/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев