Во напад на Боко Харам во Чад убиени 92 војници
- Деведесет и двајца војници на армијата на Чад загинаа во најсмртоносниот напад на џихадистите од Боко Харам врз вооружените сили во земјата, изјави претседателот на Чад Идрис Деби Итно, јавиј

Нџамена, 24 март 2020 (МИА) - Деведесет и двајца војници на армијата на Чад загинаа во најсмртоносниот напад на џихадистите од Боко Харам врз вооружените сили во земјата, изјави претседателот на Чад Идрис Деби Итно, јавија француските медиуми.
-Загубивме 92 наши војници и офицери во нападот во градот Бома, рече тој.
„За првпат губиме толку многу војници“, рече тој, откако го посети местото на нападот во провинцијата Лак, која се граничи со Нигер и Нигерија, од каде упаѓаат џихадистите на Боко Харам. сд/