• петок, 08 ноември 2024

Во Мјанмар по воениот удар уапсени најмалку 147 луѓе

Во Мјанмар по воениот удар уапсени најмалку 147 луѓе
Нејпјидо, 4 февруари 2021 (МИА) - Најмалку 147 лица се уапсени во Мјанмар по овонеделниот воен удар, вклучително активисти, пратеници и владини претставници, соопшти денеска Здружението за помош на политичките затвореници (ААПП). ААПП, кое постои уште од ерата на претходната хунта, соопшти дека уапсени се 133 владини претсатвници и пратеници и 14 граѓански активисти. Војската на Мјанмар на 1 февруари воведе вонредна состојба, ја презеде власта во државата и потврди дека уапсила високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори. Власта ја презеде командантот на вооружените сили генерал Мин Аунг Хлаинг, кој смени 24 министри и заменици и менува 11 нови министри. ми/

Остани поврзан