• четврток, 30 јануари 2025

Во Муртино ќе се гради атмосферска канализација

Во Муртино ќе се гради атмосферска канализација

Струмица, 29 јануари 2025 (МИА) - Во селото Муртино, едно од најголемите во Општина Струмица, ќе се гради атмосферска канализација и со овој зафат се решава проблемот со поплавите.

Како што информира од Општина Струмица, изградбата на атмосферската канализација и заштита од поплави во село Муртино, во првата фаза, опфаќа изградба на атмосферска канализација во должина од 2.720 метри и реконструкција на отворени канали во должина од 1.701 метри.

Вкупната инвестициска вредност на проектот е е 1.069.849 евра без ДДВ, а изградбата се планира да заврши за 12 месеци по тендерската објава и потпишување договор со изведувач.

Инаку, проектот е аплициран преку Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање во рамките на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во РСМ“ од Светска банка.рт/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан