• среда, 25 декември 2024

Во Музејот на персиската мачка има сѐ повеќе живи мачки

Во Музејот на персиската мачка има сѐ повеќе живи мачки
Техеран, 22 јуни 2022 (МИА) - Во главниот град на Иран, Teхeрaн, во Музејот посветен на персиските мачки, нема само слики на владетели опкружените со рунтавите четириножни пријатели, туку и простор во кој живеат единки од една од најпопуларните раси мачки во светот. Околу 30 персиски мачки слободно се движат низ музејот и повремено дремат на некое од многуте удобни места, а вработените во музејот редовно ги сликаат и објавуваат на интернет. Музејот е отворен веќе три години. Ветеринарката Халех, која како доброволец се грижи за животните, вели дека кога човек се грижи за мачките или си игра со нив, кај него се ослободуваат хормони на среќата. https://www.youtube.com/watch?v=h9IJYmdNRm4 Освен персиски мачки, во музејот живеат и единки од неколку други видови. Според Халех, сите мачки се именувани по познати личности од персиската митологија и иранската историја. - Третина од мачките во музејот доаѓаат од улица. Останатите се донесени во музејот, главно за време на пандемијата, вели ветеринарката. Некои делови од општеството во шиитскиот Иран не дозволуваат домашни миленици, што е особено застапено во строгата религиозна класа. Меѓутоа, за разлика од кучињата, мачките во исламот не се сметаат за валкани. Сепак, и покрај верските правила, овие животни веќе не се невообичаена појава во иранските домаќинства. Во богатиот, северен дел на Техеран, и луѓето кои шетаат помали кучиња се веќе вообичаена глетка. Музејот на персиски мачки полека станува тесен со сѐ поголемиот број животни, велат сопствениците, а договорот за закуп не е обновен. Сепак, се чини дека дури и евентуална промена на местото на музејот нема да ѝ наштети на неговата популарност, со оглед на големиот број обожаватели и посетители.  си/сд/

Остани поврзан