• среда, 25 декември 2024

Во Мостар утре втор круг гласање, и покрај одлуката на Инцко

Во Мостар утре втор круг гласање, и покрај одлуката на Инцко
Мостар, 9 февруари 2021 (МИА) - Градскиот совет на Мостар донесе одлука утре да продолжи првата седница на чиј дневен ред ќе биде вториот круг гласање за градоначалник, иако високиот претставник Валентин Инцко го поништи првиот круг гласање. Продолжението на седницата со вториот круг гласање го најави претседателот на Градскиот совет на Мостар, Иван Зеленик од редовите на ХДЗ БиХ. Советот соопшти дека таквата одлука е донесена во согласност со пропишаните процедури, објавија сараевските медиуми. Седницата на Градскиот совет на Мостар беше прекината на 5 февруари по првиот круг гласање за градоначалник, откако советниците од Коалицијата за Мостар ја напуштија седницата. Доколку седницата на Градскиот совет продолжи утре, советниците ќе гласаат помеѓу двајца кандидати за градоначалник - Марио Кордиќ од ХДЗ БиХ и Златко Гузин од Коалицијата за Мостар. Во првиот круг, Кордиќ доби 14, а Гузин на 11 советнички гласови. Откако Инцко одлучи да го поништи првиот круг гласови за градоначалник, мисиите на ОБСЕ, ЕУ, специјалниот претставник на ЕУ во БиХ, амбасадите на Велика Британија и САД апелираа до Градскиот совет да ја врати седницата на почеток. паг/  

Остани поврзан