• сабота, 23 ноември 2024

Во мобилната телефонија 1,92 милиони претплатници, 426.255 фиксни линии

Во мобилната телефонија 1,92 милиони претплатници, 426.255 фиксни линии
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Заклучно со првиот квартал годинава во државава се регистрирани 1.920.834 претплатници во мобилната телефонија. Од резиденцијалните 754 337 се припејд, а 917 605 постпејд, покрај кои има и 248.892 деловни постпејд претплатници, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации. Најголем удел во вкупниот број претплатници има А1 Македонија со 48,14 проценти, по што следат Македонски Телеком со 47,45 проценти, Лајкамобиле со 3,12 проценти, Роби со 1,22 проценти, Греен мобиле со 0,07. Во приходите од обебзедување услуги, пак, најголем удел има Македонски Телеком со 51,32 проценти, а А1 Македонија  учествува со 47,19 проценти. Според податоците на АЕК, во првиот квартал годинава се регистрирани 1 403 888 претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку  преку мобилна мрежа (2G/3G/4G), а со најголем удел во вкупниот број е А1 Македонија со 49,60 проценти. Заклучно со првиот квартал годинава вкупниот број на фиксни линии (сите технологии) во државава изнесува 426.255, при што Македонски Телеком е со удел од 52,50 проценти, а А1 Македонија со 41,07 проценти.лв/дма/

Остани поврзан