• вторник, 18 март 2025

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска беше отворена Книга на жалост за загинатите во страотниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а 155 се повредени.

Во Книгата на жалост прв се потпиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а потоа се потпишаа бројни амбасадори и постојани претставници на меѓународни организации во државава.

Меѓу оние кои се потпишаа беа амбасадорката на САД Анџела Агелер, евроамбасадорот Михалис Рокас, амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин, на Хрватска Нивес Тигањ, на Франција Кристоф Ле Риголер, на Србија Невена Јовановиќ како и турскиот амбасадор Фатих Улусој.

Во Книгата на жалост се потпишаа и амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, амбасадорот на Италија Паоло Палминтери како и постојаните претставници на Обединетите нации во земјава Рита Колумбија, на УНДП Армен Григорија и на Светската здравствена организација Аким Али.

Амбасадорите изразија длабоко сочувство до семејствата на жртвите и до сите граѓани, нудејќи поддршка и помош на државава во овие тешки мигови. нд/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан