• понеделник, 17 март 2025

Во Министерството за надворешни работи формиран кризен штаб за координирање со надлежните институции за несреќата во Кочани

Во Министерството за надворешни работи формиран кризен штаб за координирање со надлежните институции за несреќата во Кочани

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со трагичната несреќа што се случи утрово во Кочани, соопшти дека формирало кризен штаб кој редовно ја следи состојбата и координира со надлежните институции.

Како што наведуваат од МНРНТ, за сите информации, на располагање е дежурниот телефонски број 075/273-732.

-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети стои на располагање за секоја неопходна поддршка и помош, стои во соопштението. вг/ац/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан