• недела, 22 март 2026

Во Мајами пристигна украинска делегација за разговори со САД

Во Мајами пристигна украинска делегација за разговори со САД

Majaми, 21 март 2026 (МИА) -   Украинска делегација пристигна во Мајами, Флорида, каде што денеска ќе се одржат билатерални разговори со претставници на САД.

Во украинската делегација се секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, шефот на претседателската администрација Кирил Буданов, неговиот заменик Сергеј Кислица и претседателот на парламентарната група на партијата „Слуга на народот“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Давид Арахамија.

САД ќе бидат претставени од специјалниот претставник на Белата куќа, Стив Виткоф, и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Украинската политичка делегација замина за САД за да разговара за безбедносните договори, особено за воздушната одбрана и прекинот на војната на Русија против Украина.

Претседателот Зеленски истакна дека украинско-американската средба денеска ќе се фокусира на подготовките за идните трилатерални разговори, санкциите против Русија, како и на работата на договорите меѓу Украина и САД поврзани со безбедноста и реконструкцијата.

Украинската делегација можно е да го постави и прашањето за потпишување договор со САД за производство на беспилотни летала, јавија украински медиуми. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан