• сабота, 23 ноември 2024

Во март 79 отсто од потрошената струја од домашни извори

Во март 79 отсто од потрошената струја од домашни извори

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) – Во март годинава во земјава вкупно се потрошени 576.974 мегават часови електрична енергија, 22,692 милиони нормални кубни метри природен гас, 454.378 тони јаглен и 81.059 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 79 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 98,1 процент од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја. вј/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан