• вторник, 18 март 2025

Во македонската амбасада во Тирана отворена книга на жалост

Во македонската амбасада во Тирана отворена книга на жалост

Тирана, 17 март 2025 (МИА) - Во македонската амбасада во Тирана отворена книга на жалост, а на објектот на амбасадата македонското знаме од вчера се вее на половина копје по трагедијата во Кочани и загинатите 59 лица.

-Информираме дека денеска во амбасадата е отворена книга на жалост за жртвите од трагедијата во Кочани. Денеска тоа беше од 13:30 до 15:30 додека од утре до петок од  9:30 до 12 часот и од 13:30-15.30 часот, соопштија од амбасадата.

Вчера амбасадата изрази најдлабоко сочувство до семејствата, пријателите и блиските на младите животи кои трагично згаснаа. 

-Оваа загуба е ненадоместлива, а болката ја делиме со целиот народ. Во овие тешки моменти, зборовите не се доволни за да ја опишат тагата и празнината што останува. Но, нека споменот за нив живее вечно во нашите срца, а нивните души нека најдат мир. Почивајте во мир. Нека светлината ја води вашата патека во вечноста, наведоа од македонската амбасада во Тирана.

Од име на амбасадата вршителот на должноста амбасадор,  Луфтим Спахиу, покрај сочувство до семејствата на загинатите, на повредените им посака побрзо закрепнување. вт/

Фото: Амбасада на РС Македонија во Тирана

 

Остани поврзан