• сабота, 23 ноември 2024

Во Маврово Ростуше се гласа за градоначалник, пријавени 40 болни и немоќни

Во Маврово Ростуше се гласа за градоначалник, пријавени 40 болни и немоќни
Гостивар, 19 август 2022 (МИА) - Во општината Маврово Ростуше започна гласањето за избор на градоначалник. Својот глас во домашни услови, први ќе го дадат 40 лица кои претходно се пријавиле во ОИК и на кои им беа прифатени барањата. Првиот човек на ОИК Маврово и Ростуше, Ивана Ѓорѓевска за МИА потврди дека избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето се на терен и ги посетуваат гласачите кои се пријавиле како болни или немоќни. Таа напомена дека подготовките за распределување на избирачкиот материјал и опремување на гласачките места се привршени и засега условите за утрешното гласање се исполнети. Во списокот на граѓани со право на глас запишани се 9.948 граѓани кои ќе гласаат на 39 избрачки места 39. Изборите ќе ги спроведуваат 33 избрачки одбори. згм/ев/ МИА Фото: Архива

Остани поврзан