• сабота, 23 ноември 2024

Во Лондон, Париз и Берлин се одржаа демонстрации за поддршка на Израел и ослободување на заложниците во Газа

Во Лондон, Париз и Берлин се одржаа демонстрации за поддршка на Израел и ослободување на заложниците во Газа

Лондон, 14 јануари 2024 (МИА)  - Илјадници граѓани ширум Лондон, Париз и Берлин се собраа денеска за да го поддржат Израел и да побараат ослободување на заложниците кои се држат во Појасот Газа.

Неколку илјади луѓе го претворија познатиот лондонски плоштад Трафалгар во море од израелски знамиња и жолти балони, симболизирајќи ги 132-та заложници кои останаа заробени откако беа киднапирани на 7 октомври, пишува „Тајмс оф Израел“.

Некои поддржувачи држеа транспаренти на кои пишуваше „Останете крај Израел“ и „Никогаш повеќе не е сега“, додека  говорниците од бината ја предводеа толпата со барањата „Донеси ги дома“.

Неколку стотици лица маршираа и низ улиците на Берлин, веејќи израелски знамиња, барајќи „итно“ ослободување на заложниците. Учесниците на маршот носеа натписи „100 дена во пеколот“ и „Веднаш донесете ги заложниците дома“.

Други држеа транспаренти со кои ја критикуваа израелската Влада за „предавство на заложниците“ и повикуваа на „итен прекин на огнот“.

Во Париз се одржаа демонстрации во близина на Ајфеловата кула. сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан