• понеделник, 23 декември 2024

Во кумановскиот затвор се самоуби убиецот на Танкица Маладеновска од Кочани

Во кумановскиот затвор се самоуби убиецот на Танкица Маладеновска од Кочани

Куманово/Штип 8 јуни 2024 (МИА) - Усеин Рашидов кој лани на свиреп начин ја уби Танкица Маладеновска од Кочани, утринава е пронајден мртов во притворската ќелија.

Ненад Цветковиќ директор на Затвор Куманово во селото К’шање за МИА ја потврдува информацијата дека телото на осуденото лице е пронајдено околу 6 часот.

Посочува дека се известени јавното обвинителство и судот, а телото е предадено на обдукција.

Рашидов беше осуден на доживотна казна затвор за стореното свирепо убиство, кој лани со 40 убоди ја усмрти Танкица.

Пресудата на Основниот суд во Кочани се уште не е правослина, бидејќи течат жалбените постапки, а во овој суд во тек беше и постапката за Рашидов за сторено кривично дело уцена, бидејќи со години изнудувал пари и ја уценувал Танкица со компромотирачки фотографии. вдј/ам/

Фото: МИА

Остани поврзан