• недела, 28 јули 2024

Во Куманово отворена изложбата на скулптури од лаванда и друга диворастечка флора

Во Куманово отворена изложбата на скулптури од лаванда и друга диворастечка флора
Куманово, 4 февруари 2021 (МИА) - Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, денеска беше отворена изложбата на скулптури од лаванда и друга диворастечка флора. Изложбата ја организираше на здружението „Биовита“, а поддржано од Министерството за култура. Кумановци имаа можност да проследат скулптури минијатури, кои го презентираат спојот помеѓу природата и уметноста. Проектот „Скулптури од лаванда и друга диворастечка флора“ е иницијатива на визуeлната уметница, Симона Манчева, реализиран преку здружението на органски производители „Биовита“ Кавадрци. Во активноста се вклучени седум уметници- Горан Боев, Петар Петков, Трајче Јованов, Сара Милевска, Ристо Јосифовски Ромбо, Ружица Јосифовса, Соња Самарџиева. Коориднатор на проектот е Симона Манчева.
Целта на овој проект е спој на природни ресуси и уметниците, со традиционален начин на изработка на сапун, уметиците креирале скулптури минијатури кои го облагодаруваат просторот. со мирис на лаванда Уметниците имале можност да се запознаат со значењето на органското производство и важноста од негова примена во земјоделството.
Уметницата Симона Манчева рече дека работилниците со уметниците се реализирале на отворено во кавадаречко, почитувајќи ги здравствените протоколи.
Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски на отворањето на изложбата рече дека е специфична изложба која е резултат на соработката со надлежните од неготинскиот Дом на култура.ам/нд/

Остани поврзан