• сабота, 23 ноември 2024

Во Куманово изречени вкупно 137 санкции, 91 за брзо возење

Во Куманово изречени вкупно 137 санкции, 91 за брзо возење

Скопје, 14 август 2023 ( МИА) -  Полициски службеници од Куманово минатиот викенд спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово, санкционирани се вкупно 137 возачи.

Како што информира Министерството за внатрешни работи,  91 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило и 8 мотоциклисти за неносење заштитен шлем. Исто така, санкциониран е и едeн возaч поради пребрзо возење, односно во населено место, со  радар му биле измерени 118 километри на час.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и  апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. љм/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан