• среда, 25 декември 2024

Во Куманово врачени договори за мерките субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти

Во Куманово врачени договори за мерките субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти
Куманово, 15 јули 2022 (МИА) - Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија  Беким Мурати денеска во Центарот за вработување Куманово ги врачи договорите на одобрените апликанти од Куманово и околните општини за учество во мерките за субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти, информираа денеска од АВРСМ.
Мерките се дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година и се во насока на поддршка за креирање на нови работни места за невработените лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот.
-Директорот Мурати изрази задоволство од покажаниот интерес на голем број на учесници во овие активни мерки за вработување и уверување дека Агенцијата за вработување и понатаму ќе спроведува активности, водејќи се првенствено од интересот и потребите на невработените лица и работодавците, наведуваат од АВРСМ. ам/мд/

Остани поврзан