• вторник, 24 декември 2024

Во Крушево одржани пингпонгарски турнири за јуниори и кадети

Во Крушево одржани пингпонгарски турнири за јуниори и кадети
Крушево, 21 јуни 2021 (МИА) – Изминатиот викенд во Крушево се одржаа завршните ТОП 8 турнири во пинг-понг за кадети и јуниори. Додека кај јуниорите немаше изненадувања, Ана Стојановска од ППК Крива Паланка и Теодор Волкановски од ППК Крушево повторно ги освоија првите места, кај кадетите беше понеизвесно. Борис Секулов од ППК Астраион од Струмица беше најдобар, додека државниот првак Лука Стојчев беше четвртопласиран. Кај кадетките најдобра беше Изабела Ковачовска од ППК Зегин Берово. Топ 8 турнирите беа последен тест за место во кадетската и јуниорската репрезентација. Кадетите и јуниорите ќе не претставуваат веќе од 23 Јуни на балканското првенство во Албена, Бугарија и на европското првенство во Вараждин во Хрватска од 18 Јули до 2 Август. Сениорската репрезентација моментално се наоѓа во Варшава, Полска каде што ќе учествува на Европското првенство во поединечна конкуренција. зс/

Остани поврзан